Курц ја образложи одлуката за повлекување од Договорот на ОН за миграции

68

Австрискиот канцелар Себастијан Курц ја образложи одлуката на Владата да се повлече од Договорот на Обединетите нации за миграција, откако вчера претседателот Александер ван дер Белен предупреди дека тоа може да го загрози угледот на земјата.

– Во разговорот со претседателот јасно укажав дека Владата ја донесе таа одлука по детална анализа. За нас мултилатерализмот е важен, но важно е и тоа што се наоѓа во владината програма – рече Курц.

Тој потсети дека Австрија предничи кога станува збор за Договорот за забрана на нуклеарното вооружување, кој го поддржуваат 100 држави и е на првата линија на фронтот по прашањето за борба против климатските промени

Што се однесува до Договорот со ОН за миграцијата појасни дека има загриженост, додавајќи дека тој не може да прифати договор во кој нема правење јасна разлика помеѓу потрага за заштита и потрага за подобар живот, за што се залага седум години.

Ван дер Белен вчера ја критикуваше Владата поради одлуката да се повлече од Договорот на ОН за миграција, истакнувајќи дека тоа ќе се одрази на угледот на земјата. Преку Фејсбук, порача дека се надева оти Владата ќе направи се за да се спречи загрозувањето на угледот и веродостојноста на Австрија на меѓународно ниво.

Тој го поздрави глобалниот Договор за миграција, во чие изготвување, како што потсети, учествуваше и Австрија.