Курц сака „црвено-бело-црвена“ влада

71

Лидерот на Народната партија на Австрија (ОВП), Себастијан Курц, денеска од австрискиот претседател Александар ван дер Белен доби мандат да формира нова Влада. Партијата на Курц победи на предвремените избори во Австрија.

По медиумските извештаи дека тој, наводно, има аспирации за нова влада, Курц вели дека единствена негова желба е Владата да биде „црвено-бело-црвена“, односно Австрија да биде силна во засилена Европа, Европа која би била поефикасна во глобалната политика.

– Не ми е важно кој со кого е во Владата туку како Влада за благосостојбата на земјата – рече Ван дер Белен.

Тој изрази уверување дека соочувањето со заканата од климатска катастрофа ќе биде високо на агендата на новата Влада, потсетувајќи дека сите партии посветувале посебно внимание на темата за време на изборната кампања.