Кувајтски емир го смени синот од местото министер за одбрана

75

Емирот Сабах ал-Ахмад ал-Сабах, денеска го разреши неговиот син, Насер ел Сабах и уште еден министер во владата по нивните јавни меѓусебни обвинувања за корупција и му нареди на премиерот да состави нова влада.

Кувајтскиот емир издаде декрет за смената само неколку дена откако Владата поднесе оставка поради истрага во друг случај.

Насер ал Сабах изјави дека открил оти биле проневерени 790 милиони американски долари во времето кога сегашниот министер за внатрешни работи бил министер за одбрана.

Редовните парламентарни избори во Кувајт треба да се одржат за една година.

Министерството за правда им забрани на локалните медиуми да известуваат за случајот за проневера. Се наведува дека судењето ќе биде затворено за јавност, пренесе „АП“.

Насер ал-Сабах не е во редот за наследници на престолот, но неговото назначување за министер за одбрана го привлече вниманието затоа што тоа се случи откако саудискиот крал Салман го назначи својот син Мохамед бин Салман за министер за одбрана пред да го прогласи за престолонаследник.