Кубанците гласаат на референдум за нов Устав

63

Кубанците гласаат на референдум за нов Устав, со кој се воведуваат мали економски и социјални промени, но се задржува еднопартискиот социјалистички систем.

Според националната изборна комисија, до 17 часот по локално време, гласале 81,53 проценти од 8,6 милиони Кубанаци со право на глас, а резултатите се очекува да бидат објавени денеска попладне.

Предложените измени на Уставот го одразуваат постепеното отворање на Куба од падот на нејзиниот некогашен главен сојузник, Советскиот Сојуз, коментираат светските агенции.

Во новиот Устав, кој би требало да го замени тој од 1976, постојат одредби кои се однесуваат на пазарот и признавањето на приватна сопственост, странски инвестиции, мали фирми, роден идентитет, право на правен застапник во случај на апсење…

Новиот Устав предвидува и реконструкција на власта, односно воведува функција премиер и го ограничува мандатот на претседателот.