Експлозивна направа пронајдена во близина на домот на Сорос

387

Експлозивна направа беше пронајдена вчера крај домот на милијардерот и филантроп Џорџ Сорос во округот Весчестер во државата Њујорк, објави „Њујорк тајмс“.

Направата била поставена во поштенска кутија и полицијата превентивно ја детонирала. Сорос не бил во домот за време на инцидентот.

За случајот истрага води ФБИ од каде засега немаат коментар. Сорос обезбедил досега најмалку 18 милијарди долари за фондацијата Отворено општество за развој на демократијата и човековите права во светот.