Кристоли – новооткриен вирус од француски научници

796

Француски научници користејќи ја истата техника што се користи за откривање на вирусот ковид-19, идентификуваа нов вирус – кристоли.

Тие велат дека нема причина за загриженост новооткриениот вирус да предизвика здравствена криза слична на оваа предизвикана од вирусот ковид-19.

Вирусот е откриен во болница недалеку од Париз, кај 58-годишна жена, која починала од енцефалитис и го добил името „кристоли“, по предградието на Париз каде што е идентификуван, јавува „Франс 24“.

Според научниците рано е да се извлечат заклучоци за што е одговорен тој вирус бидејќи починатата имала неколку хронични болести, посочувајќи дека засега е познат само еден случај и дека ако има и други случаи, во иднина ќе биде можно да се добие појасна клиничката слика поврзана со тој вирус.

– Во овој момент познат е само тој еден случај. Ако ги има повеќе во иднина, секако ќе имаме појасна претстава за тоа каква е клиничката слика поврзана со тој вирус – вели професорот Жан Мишел Павлотски, шеф на медицинска биологија во болницата каде се лекувала заразената жена.

Тој појасни дека новиот вирус е од видот ортобунџавируси, семејство патогени, кои вообичаено ги шират комарците.

Вирусот кристоли, освен истата техника што се користи за откривање на вирусот ковид-19, има малку заедничко со причинителот на моменталната пандемија.