Кремљ ќе размисли за повикот за учество на самитот на Г7

113

Кремљ ќе размисли за повикот на американскиот претседател Донал Трамп за учество на Русија на следниот самит на Г7 во САД, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– На прес-конференцијата, претседателот Путин веќе одговори дека ако поканата пристигне, ние дефинитивно ќе ја разгледаме – рече Песков.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во Бијариц дека е „можно“ тој да ја покани Русија да се врати на годишниот состанок на индустриски најразвиени држави следната година кога е домаќин на самитот на Г7.