Крвната плазма на сиромашните Мексиканци ја задоволува британската побарувачка

730

Зголемен број на Мексиканци кои ја преминуваат границата со САД донираат крвна плазма за потребите на Велика Британија, наспроти предупредувањата на експертите дека можат да го загрозат сопственото здравје, пренесува „Гардијан“. 

– Првиот пат кога заминав, сакав да плачам – раскажува Лусија, мајка на три деца, опишувајќи како нејзината економска состојба ја принудила стигне од мексиканскиот граничен град Хуарез до центарот за донации на крвна плазма во Ел Пасо, САД.

Постојат повеќе од 800 вакви центри во САД и тие последниве години се повеќе се шират околу јужната граница, собирајќи плазма од се поголем број Мексиканци кои ја поминуваат границата со привремени визи.

Пред појавата на коронавирусот, илјадници донатори неделно ја преминувале границата кон САД за да заработат пари на овој начин.

Некои донатори со години даваат плазма двапати неделно, а научните истражувања покажаат дека ваквите донации можат да има долгорочни штетни последици.

Велика Британија ја увезува плазмата што се користи за производство на лекови од САД уште од 90-тите години на минатиот век кога се соочувала со стравувања поради болеста кравјо лудило. А Велика Британија од неодамна го засили увозот на плазма од овие донаторски  центри околу границата помеѓу САД и Мексико.

Главен снабдувач е компанијата „Би-пи-ел плазма“, чија матична компанија е со седиште во Велика Британија и има 51 центри за донирање на плазма во САД, неѓу кои се и шестте со седиште во пограничната област.

До изминатата сабота, центарот за донации компанијата во Ел Пасо беше скоро празен, без знаци на донатори, бидејќи администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп нареди границата делумно да се затвори на 30 дена. Но, во четвртокот минатата недела, дописникот на „Гардијан“ забележал 21 донатор што чекале во редица надвор, уште пред центарот да се отвори.

Надвор биле поставени реклами со примамливи понуди за донатори, за бонуси и големи парични награди во вредност до 300 долари месечно, за повеќекратни донации.

 – Ова е очајнички потег бидејќи ја загубив работата како келнерка и станав вдовица – објанува Луција.

„Понекогаш  донаторите влегуваат со своите приказни, велејќи дека на овој начин ќе набавам пелени на моите деца или дека ако не донирам нема да имам јадење – раскажува поранешен вработен во „Би-пи-ел Плазма“, кој побарал да биде анонимен.

Дури и пред кризната со коронавирусот, Лусија решила да не донира повеќе, но пред новите ограничувања, многумина други Мексиканци прецизно го следеле распоредот за донации кои се дозволени двапати неделно.