Кој ќе ја добие нафтата на Венецуела?

568

Иднината на Венецуела е многу неизвесна, во време кога нивниот претседател Николас Мадуро се соочува со притисок од национален, но и меѓународен карактер за промена на неговата власт. Дали тој ќе ја консолидира својата моќ или лидерот на опозицијата Хуан Гваидо ќе ја преземе контролата врз владата, e момент кој ќе го одговори најважното прашање за земјата – кој ќе ја добие нафтата на Венецуела?

Според анализата на Си-ен-ен, важноста за ова прашање стана уште појасна минатиот месец, кога претседателот на Националото собрание Гваидо (35), не успеа да ја убеди војската да ја прекине поддршката за Мадуро. По овие случувања, започна еден вид на меѓународна финансиска шаховска партија, меѓу САД и повеќе од 50 земји кои го поддржуваат Гваидо како легитимен привремен претседател, против оние нации кои застанаа зад Мадуро.

Како поддршка за Гваидо, САД иницираше голема бројка на санкции за да ја ограничи продажбата на нафтата и парите кои ги заработува Мадуро од неа, преку државната нафтена компанија ПДВСА (Петролеос де Венецуела). Целта на американските власти беше да ги насочат заработените средства на сметките конторлирани од Гваидо.

Во меѓувреме, двата најголеми кредитори на Венецуела, Кина и Русија, продолжуваат со поддршката за Мадуро, но внимаваат и на она што им се должи. Слично, властите во Куба ја засилија својата положба со испраќање на илјадници безбдносни сили во размена за бесплатна нафта.

Многу важно во целата ситуација е тоа што Венецуела ги има најголемите нафтени резерви во целиот свет. Од друга страна пак, земјата исто така има огромни долгови и тоа што нивните кредитори се во трка да ги добијат пари назад е многу голем фактор во глобалната поделба околку Венецуела.

Неконтролираната инфлација ја обезвредни националната валута, и нафтата е наменета главно како средство за отплаќање на кредиторите. Проблемот за земјата е во тоа што нафтата има вредност само ако таа може да биде ископана и преработена, а слабата инфрастурктура едноставно не може да произведе доволно нафта која би се користела како суровина за целосно да ги покрива и другите долгови.

Без разлика дали власта ќе остане во рацете на Мадуро или ќе ја преземе Гваидо, Венецуела во блиска иднина ќе се соочи со долгови кои тешко ќе може да исплатат, друи и ако драстично се зголеми производството и испораката на нафта.

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој во својата кариера исто така се има соочено со неколку банкроти (слично како Венецула, која е можно во следниот период да мора да прогласи банкрот), го впери прстот кон Русија и Кина како значајни фактори за финансискиот дебакл на јужноамериканската земја.

– Предноста на Венецуела е во тоа што тие имаат нафта. Целата земја е дадена под хипотека на Кина и Русија, кои ги собираат парите од таму. Венецуелците ја ставија под хипотека и својата нафта, скоро до максимално можно ниво. Може да се каже дека земјата е пред целосно затворање – рече Трамп во едно интервју за „Фокс њуз“.

Вкупно, според некои проценки, Венецуела ќе им должи 55 милијарди долари на Кина и најмалку 17 милијарди на Русија во следниот период. Кина им позајми повеќе од 60 милијарди од 2007 година до денес, највеќе во замена за нафта, додека Русите исто така им позјамија многу пари, дел од нив во замена за продажба на оружје на кредити. И двете земји полека но сигурно ги отплаќаат своите долгови преку примање на венецуелска нафта.

– Доколку Мадуро е заменет од нова влада, легитимитетот на многу од финансиските договори направени во послдните 20 години од Чавез и Мадуро може да се најдат пред меѓународни судови, бидејќи тие долгови не се одобрени од страна на венецуелското Национално собрание – констатираат од Си-ен-ен.

Кризата во Венецуела предизвика големи недостатоци на храна, медицински проблеми и ограничена пристапност до основите ресурси за достоинствен живот на граѓаните, но и многу жртви на улиците во протестите. Изгледа дека прашањето кој ќе ја добие нафтата на земјата и средствата кои им се должат се многу поважни од било што друго за светските сили, без разлика дали се на страна на Мадуро или Гваидо.