Кој се дрзнува да се посомнева во воената умешност на Ким Јонг-ун?

355

Во Северна Кореја се појави пропаганда која укажува на тоа дека лидерот Ким Јонг-ун дипломирал со почести на елитен воен универзитет именуван по неговиот дедо. Но одредени извори истакнаа дека не постојат податоци за присуството на Ким, а исто така нема ни фотографии од него на универзитетот, пренесува „Бизнис инсајдер“.

Според пропагандата, младиот Ким бил многу вешт во воените стратегии, па за кратко време започнал да ги обучува дури и неговите инструктори. Но, се јавија одредени сомнежи оти севернокорејскиот лидер воопшто го посетувал универзитетот.

– Доколку Ким Јонг-ун присуствувал на тој универзитет, тој сигурно има фотографии, документи и стекнати пријатели. Но никој од елитата на Северна Кореча не може да ги пронајде овие фотографии, ниту неговите пријатели од универзитетот – наведува поранешен припадник на војската на Северна Кореја.

Доколку лидерот, сепак, не присуствувал на воената академија, постои можност тој да имал приватно туторство за воени операции и стратегии и оттаму да ги стекнал неговите знаења, за тоа како да ја предводи севернокорејската војска.

Северна Кореја го смени уставот за официјално да го назначи Ким Јонг-ун за официјален водач на државата.