Кој од најлојалните приврзаници ќе го наследи Путин?

450

Трката за претседателската фотелја во Русија веќе е во полн ек. Според уставните измени што ги објави Путин на почетокот на месецов, едно е сигурно – тој мора да избере наследник откако неговиот претседателски мандат ќе заврши во 2024 година. Меѓу политичките аналитичари веќе кружат гласини кој би можел да биде избран да седне во претседателската фотелја и да продолжи со движење во насоката која Путин ја диктира, пренесува „Политико“.

Предложениот ремонт што полека се спроведува парламентот лојален на Кремљ, ќе го оневозможи Путин да биде повторно претседател и ќе го затвори кругот на негово постојано враќање на функцијата.

Се очекува Путин да ја заземе позицијата на претседател на државниот совет, што значи дека ќе биде дел од советодавниот одбор што одлучува во кој правец ќе се движи руската надворешна, внатрешна и економска политика.

Путин ќе се потруди наследникот да го зачува и да го одржи во живот „путинизмот“, подвиг што ќе биде голем во споредба со минатото, во кое Никита Хрушчов го урна култот на Сталин, Борис Елцин ја расформира земјата што Михаил Горбачов се обидуваше да ја зачува, а самиот Путин постепено се оддалечи од западноевропскиот курс на Елцин.

Меѓу аналитичарите кружат гласини кој ќе го наследи моќниот Путин, бидејќи неговите верни приврзаници веќе се наоѓаат на клучни и високи позиции во земјата. Тој најверојатно ќе избере наследник кој ќе продолжи да го држи курсот на бродот што тој го има поставено. Можните наследници на Путин ги вклучуваат Михаил Мишустин, Сергеј Собјанин, Сергеј Шогу, Андреј Белошов,  како и некои од неговите поранешни телохранители.

Михаил Мишустин
Назначувањето на Мишустин за премиер го катапултираше почитуваниот, но малку познат шеф на даночната служба во дискусијата за наследник, иако неговата почетна позиција е слаба.

Сергеј Собјанин
Градоначалникот на Москва и поранешен гувернер на областа Тајмен долго време се смета за еден од највлијателните луѓе во Русија. Тој беше на чело на администрацијата на Путин од 2005 до 2008 година, по што го следеше својот покровител во владата, станувајќи заменик-премиер.

Сергеј Шогу
Единствената политичка фигура речиси популарна колку и самиот Путин е 64-годишниот министер за одбрана, кој Русите го рангираат како најголемиот воен лидер по Георгиј Жуков од Втората светска војна.

Андреј Белошов
Белошов минатата недела беше избран за заменик-премиер, истата позиција од која Димитриј Медведев беше избран за претседател. Тој беше назначен за економски помошник на Путин во 2013 година, и го дели ставот со Путин дека „Русија е од секаде опкружена со непријатели“.

Некој од неговите поранешни телохранители
Во 2016 година, Путин назначи неколку од неговите поранешни телохранители за регионални гувернери, што доведе до шпекулации дека ги подготвува како можни наследници. Станува збор за телохранителите Алексеј Дјумин, Дмитриј Миронов, Сергеј Морозов и Евгениј Зимичев.