Која е најопасна држава за медиумските работници ширум светот?

583

Годинава светот Светскиот ден на слободата на медиумите, 3 мај, го дочекува со општ тренд на опаѓање на медиумските слободи и влошување на условите за работа на новинарите и другите меидумски професионалци. На Балканот се забележува сериозно намалување на слободата на медиумите.  

Европскиот Парламент наведе дека слободата на медиумите на Западен Балкан е незадоволителна и дека, апсурдно, се намалува паралелно со приближувањето на регионот до ЕУ.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави дека слободата на медиумите е суштинска за мирот, правдата и човековите права за сите.

– На светскиот ден на слободата на медиумите во 2018 година ги повикувам владите да ја зајакнат слободата на медиумите и да ги заштитат новинарите- напиша Гутереш.

Генералното собрание на ОН го воведе Светскиот ден на медиумите на 3 мај 1993 година. Од јануари до мај годинава се убиени 36 новинари. Најмногу се убиени во Авганистан.

Десет новинари и медиумски работници се убиени во Авганистан на 1 мај 2018 година. Во нападот на терористичката „исламска држава“ повредени се шестмина новинари.

Од 1992-2018 година убиени се 1.911 новинари и медиумски работници. Новинарите гинат на своите работни задачи или се убивани поради своето известување. 

На 22 февруари 2018 година полицијата ги пронајде телата на истражувачкиот новинар Јан Куцијак и неговата свршеница. Куцијак истражуваше корупција во словачката Влада. 

На 16 октомври 2017 година на Малтра убиена е Дафне Карауна откако беше поставена бомба на нејзиниот автомобил.

Додека убиствата во Европа предизвикаа општа осуда и барање да се уапсат одговорнисте, десетици случаи на убиства на новинари во светот останаа без меѓународно внимание.

Мексико е најсмртоносното место за работа на новинарите. 12 убиени за 12 месеци. Со последниот напад во Кабул,. Авганистан е рамо до рамо со Мексико.

Дури 57 отсто е поголем бројот на убиства на новинари за првите четири месеци во однос на лани. Сирија во 2017 година беше најопасна држава за медиумските работници со 69 загинати. 

88 новинари, од кои шест жени беа убиени минатата година, додека 46 новинари беа цел на убиството поради истражување и објавување корупција, 1.801 новинар загинал за време на извршувањето на задачите од 1997 година.

2012 е најкрвавата година за новинарите во последните две декади – 133 новинари загинаа.

Минатата година се притворени 262 новинари, најмногу во Турција, Кина и Египет. 

Најновиот извештај за медиумските слободи на „Репортери без граници“ покажува дека во Европа тие и натаму се на највисоко ниво, но и кај нив е во опаѓање. Од пет држави кои најмногу назадувале во медиумските слободи – четири се европски. 

Македонија е на 109 место, Црна Гора на 103, Косово на 78, Албанија на 75, Хрватска на 69 и БиХ на 62 место според слободата на медиуми. Словенија е најдобро рангирана од регионот и е на 32 место. 

Норвешка е на прво место според медиумските слободи. Следуваат Шведска, Холандија, Финска, Швајцарија, Јамајка, Белгија, Нов Зеланд, данска и Костарика. Северна Кореја е на последно место на таа ранг листа. Пред неа се Еритреја, Туркменистан, Сирија, Кина, Виетнам, Судан, Џубути, Куба и Еквадорска Гвинеја.