Коронавирусот ја измачува Италија

183

Во Италија почина уште едно лице како последица од коронавирусот, јави агенцијата „Анса“. Тоа е втора жртва на вирусот во Италија за 24 часа.

Втората жртва е жителка на регионот Ломбардија.

Претходно агенцијата јави дека починал пациент заразен со коронавирус во градот Падова, на северот на Италија, со што стана прва жртва на вирусот во Италија, но и во Европа.

Во северниот регион Ломбардија се регистрирани 15 заразени со коронавирус, а два случаи има во Венето, каде што се наоѓа Падова.

Мажот кој починал имал 78 години, пренесе агенцијата „Анса“.