Коронавирусот се рашири во 30 земји во светот

190

Досега 30 земји воведоа итни мерки или зголемени мерки на претпазливост за коронавируси, при што првите случаи се пријавени во Латинска Америка, Бразил, додека во Алжир еден италијански државјанин е ставен во изолација, пренесуваат агенциите.

Досега 11 лица починале на северот на Италија како резултат на инфекција со коронавирус, повеќе од 300 се заразени и воведени се карантински мерки во 10 градови. Во девет италијански региони, заразени се вкупно 325 лица, а најголем број има во Ломбардија – 240 заразени и девет мртви, објави Анса.

По ширењето на вирусот во Италија, Хрватска, Австрија и Швајцарија, и од Бразил стигнале известувања до Светската здравствена организација за првите случаи на коронавирусот.
Бразилското Министерство за здравство објави дека жител на Сао Паоло, кој неодамна пристигнал од Ломбардија, Италија, биле подложен на тестирање и резултатот е позитивен.

Првиот случај на коронавирус е пријавен и во Алжир, а се претпоставува дека пренесувањето на болеста дошло од Италија. Во Алжир, еден Италијанец којшто пристигнал во земјата на 17 февруари е изолиран, а Ројтерс јавува дека здравствените власти наредиле да се преземат сите мерки на претпазливост.

До денес, во Северна Америка се пријавени 63 случаи на коронавирус.