Коронавирусот се враќа во Европа

162

Западните европски земји што успешно се справија со првиот бран инфекции со ковид-19, сега повторно забележуваат пораст на новозаразени. Според бројките на универзитетот „Џонс Хопкинс“, бројот на заболени брзо расте во Шпанија и во Франција каде што беа надминати досега регистрираните бројки на заразени од 640.000 и од 491.000 соодветно. Во Германија, Италија и во Велика Британија исто така е видлива нагорната линија на кривата.
Шпанија повторно стана дел од десетте најпогодени држави во светот, а во моментов е на деветтото место по вкупниот број на регистрирани заболени и на десеттото место по бројот на заболени во однос на населението. Франција е на единаесеттото место по бројот на регистрирани случаи во светот, додека Велика Британија е на петтото место по бројот на смртни случаи. САД сега се држава со највисок број заразени, но и регистрирани смртни случаи, а кривата и натаму е во нагорна линија. Бројот на регистрирани заболени во државата надмина 6,8 милиони лица.