Коронавирусот навлезе и во воена база во Франција

106

Неколку лица стационирани во воздушната база Крил надвор од Париз се инфицирани од коронавирус. Воздушната база се користела за летовите за евакуација на француските државјани од кинескиот град Вухан. Сите заразени евакуирани лица останале во базата, додека екипите кои учествувале во летовите биле ставени под карантин.

Министерката за одбрана, Флоренс Парли потврди дека неколку случаи на коронавирус се регистрирани во воениот објект, кој се наоѓа на север од француската престолнина. Според медиумите, најмалку четири лица, вклучително и цивилен службеник, се заразиле со вирусот.

Бројот на потврдени случаи во Франција во петокот се зголеми за 19 и сега вкупно изнесува 57.