Коронавирусот зема замав во Кина

117

Во Кина досега од новиот тип коронавирус инфицирани се над 200 лица, а четири лица починале.

Најмногу заразени има во провинцијата Вухан, каде беше регистриран и првиот случај, но вирусот е проширен од надвор од неа. Здравствените власти во Кина соопштија вчера дека епидемијата се шири од човек на човек, што зголемува можност инфекцијата да се шири побрзо и на поголемо подрачје. Засега не постои вакцина за овој вирус.

Светската здравствена организација испрати директиви до болниците ширум светот за да се спречи и контролира инфекцијата.


Маж од Австралија со симптоми на смртоносниот коронавирус, ставен во карантин

Здравствените власти во Квинсленд потврдија дека во Австралија најверојатно се појавил првиот случај на зараза со новиот смртоносен корона вирус и дека пациентот е ставен во карантин.

Се работи за маж, чиј идентитет засега не се открива, неодамна се вратил од Кина со симптоми на респираторна болест. Властите ги чекаат резултатите од анализите, кои би требало да утврдат дали пациентот заболел од новиот вирус. Човекот е ставен во карантин во куќа во Брисбен, пренесе „Гардијан“.

Кинеската државна здравствена комисија вчера потврди дека вирусот, сличен на САРС, почнал да се пренесува од човек на човек и дека со него се заразиле над 200 луѓе, вклучително и медицински персонал, а денеска е соопштено дека починало и четврто лице.

Вирусот се прошири на Тајланд, Јужна Кореја и Јапонија, а многу земји ги зајакнаа контролите над лицата кои пристигнуваат од Кина. Најмалку три аеродроми во САД почнаа да ги прегледуваат патниците кои пристигнуваат од тоа подрачје.