Колку чини „прошетката“ до Црвената Планета

179

Слетувањето на роверот „Персеверенс“ се означува како најамбициозниот проект-мисија на НАСА за откривање докази за евентуален живот на Марс. Дилемите колку ќе чини мисијата, дали таа е исплатлива и што може човештвото да добие се актуелни деновиве во светската јавност

По патување долго 385 милиони километри и седум месеци лет низ вселената, досега најголемиот и најбрз ровер на НАСА „Персеверенс“, минатиот четврток успешно слета на површината на Црвената Планета. Историски момент за човештвото, новата мисија на Американската национална аеронаутичко-вселенска управа на Марс ќе има за задача во истражувањето да собере геолошки примероци од планетата, при што крајната цел ќе биде да ги врати на Земјата на понатамошни студии. Во меѓувреме, повеќе светски реномирани новински агенции објавија свои интересни анализи за истражувањето на Црвената Планета. Дилемите колку ќе чини мисијата на НАСА, дали таа е исплатлива и што може човештвото да добие како резултат на вселенскиот подвиг се актуелни деновиве во светската јавност.

Трката во вселената „скап спорт“ за моќните

Имено, онлајн платформата на „Статиста“ прва и подетално ја разгледува финансиската страна на истражувањето на вселената или поточно на Црвената Планета. Според светската групација што се занимава со анализа на податоци и информации, сите досегашни мисии на човекот до Марс чинеа по неколку милијарди долари, подвиг што можат да си го дозволат само најмоќните држави во светот. Како што наведува „Статиста“, НАСА очекува да потроши 2,7 милијарди долари на проектот при што, според истражувањето на невладината организација „Планетарно општество“, бројката за трошоци се очекува да достигне и до 2,9 милијарди долари кога во неа ќе се вклучат и пресметките од инфлацијата. Досега за самото летало се потрошени најголем дел од средствата во висина од 2,2 милијарди долари додека лансирањето на ракетата „Атлас 5“ чинеше 243 милиони долари. Операциите во текот на првите две години од мисијата се очекува да изнесуваат дополнителни 200 милиони долари. Понатаму статистичката онлајн платформа наведува дека со големите средства што се вложени во „Персеверенс“ тој важи сега за седмото најскапо вселенско летало во историјата на планетарната програма за истражување на НАСА и третата најскапа мисија на Марс. Пред неа се мисиите „Викинг 1 и 2“ и роверот „Кјуриосити“, кои ги надминаа предвидените трошоци поради одложување на датумот на лансирање. Сите четири проекти за Марс се меѓу најскапите мисии што некогаш НАСА ги извела.

Политичката волја поскапа од трошоците до Марс

Во меѓувреме, Неги Кокс, кој е инженер за системи во вселенски летала во НАСА и дел од операцискиот тим на научноистражувачката лабораторија на Марс – роверот „Кјуриосити“, изјави дека станува збор за возбудлива мисија што нема цена доколку резултатите од истражувањето покажат дека има знаци за живот на планетата.
– Станува збор за една извонредно возбудлива мисија со која се истражува можноста за постоење живот на Црвената Планета, но и тоа дека евентуалните сознанија за постоење живот би можеле да резултираат со враќање на Марс – изјави Кокс. Експертите се согласуваат дека најголемата пречка е политичката волја на светските моќници, а не трошокот за истражувањата дали има живот на другите планети.
– Ако човештвото како вид, особено американските даночни обврзници или кои било други, одлучат да одвојат големи суми пари, би можеле да бидеме на Марс до крајот на 30-тите години на овој век. Тоа не е проблем од финансиски карактер.

Тогаш би можело да се јави нов проблем, а тоа е недостигот од политичка волја кај светските моќници за да напише човештвото нова историја во вселената – вели аналитичар на НАСА. Инаку, актуелниот американски претседател Џо Бајден, сè уште ја нема изнесено својата визија за Марс, а НАСА се соочува со ограничувања на буџетот и веројатно нема да ја исполни својата цел да се врати на Месечината во 2024 година, што требаше да биде отскочна штица за стапнување на Црвената Планета. Инаку, според „Волстрит журнал“, оваa мисија на НАСА е многу помала во вредност од првите истражувања на Црвената Планета од 1975 година. Тогаш овој потфат ја чинеше американската вселенска агенција неверојатни 7,1 милијарди долари.


Автомобилските фабрики привремено се затворија во САД, Азија и во Европа поради недостигот од полуспроводници, кои се неизоставен дел од производството на автомобили. Автомобилските производители ги испраќаат нивните резерви на чипови за најпрофитабилните и најнеопходните производи.
Производството на чипови е нарушено со месеци во Азија, затоа што потрошувачите, поради карантините, купуваат лаптопи, паметни звучници и системи за видеоигри. Недостигот од чипови исто така се одрази и врз претставувањето на најсофистицираните графички картички за новите видеоигри.
Компанијата за финансиски анализи „Фич солушнс“ предвидува дека автомобилскиот пазар во Северна Америка ќе забележи најмал раст, од само 5,9 отсто во 2021 година. Европа ќе се покаже најдобро, со тоа што се предвидува продажбата на возила да забележи раст од 10,8 отсто. Недостигот сега се заканува да погоди многу поголем дел во електронската индустрија, поради што може да се јави недостиг од чипови или скок на цените на паметните телефони и конзолите.