Колесникова е обвинета за загрозување на националната безбедност

184

Белоруската лидерка на протестите Марија Колесникова, која беше приведена минатата недела, е обвинета за загрозување на националната безбедност, соопшти истражната агенција на земјата.

Според белоруските закони, на Колесникова ѝ се заканува казна затвор до пет години. Во изјавата објавена на мрежата на Телеграм, Истражниот комитет објави дека таа „учествувала во повици за акција што им штети на националните интереси на Република Белорусија“.

– Таа останува во притвор и истрагата е во тек – се вели во соопштението.

Колесникова е близок соработник на опозицискиот лидер Светлана Тихановскаја, која минатиот месец избега во соседна Литванија.

Кандидатот на претседателските избори, за кои опозицијата тврди дека ги измислил претседателот Александар Лукашенко, вети доцна синоќа дека ќе му гарантира долгорочна безбедност на лидерот ако мирно ја напушти власта по 26 години.

Во Белорусија протестите се одржуваат секој ден од спорните избори пред еден месец. Минатиот викенд најмалку 100.000 луѓе излегоа на улиците на главниот град Минск.

Европската Унија ги прогласи изборите во Белорусија „ниту слободни ниту фер“ и го осуди насилството врз демонстрантите, нарекувајќи ги „непропорционални и неприфатливи“.

Русија, пак, како близок сојузник на Белорусија, го поддржа Лукашенко. Рускиот претседател Владимир Путин претходно оваа недела вети заем од 1,5 милијарди долари на владата на Лукашенко.