Кинеските туристи во странство потрошиле 127 милијарди долари за шест месеци

32

Според новиот извештај на кинеската Национална управа за девизи, кинеските туристи потрошиле 127,5 милијарди американски долари во првата половина на 2019 година во странство. Како резултат на тоа, Кина е на прво место на туристичкиот пазар уште од 2012 година.

Кинеските туристи потрошиле најмногу пари во Азија, дури 54 проценти од вкупниот износ. На второ место е Америка со 24 проценти и на трето Европа со 13 проценти.

Шопингот сè уште е нешто на кое најмногу трошат, па кинеските туристи се познати по трошење на скапи брендови.