Кинескиот амбасадор во Тел Авив пронајден мртов

405

Амбасадорот на Кина во Израел, Ду Веи утрово е пронајден мртов во неговиот стан, пишуваат израелските медиуми.

Ду (58) бил пронајден мртов во неговиот стан во Херзли во централен Израел.

Според „Инет њуз“, телото на кинескиот амбасадор било најдено во неговиот кревет, а причината за смртта се уште не е позната.

„Ерусалим пост“ контактирал со кинеската амбасада, но оттаму било кажано дека не можат во тој момент да ја потврдат информацијата.

Ду бил поставен за амбасадор во Израел во февруари оваа година, а пред тоа бил на чело на дипломатската мисија во Украина.

Бил оженет и имал син, но се верува дека неговото семејство не е во Израел, пренесува Би-би-си.

Тој во април изјавил дека по доаѓањето во Израел бил во 14-дневен карантин поради епидемијата на коронавирусот во Кина.