Кина ја вежба Твитер-дипломатијата на Трамп

189

Кинеските дипломати започнаа да експериментираат со нов тип на дипломатија, сличен со оној на американскиот претседател Доналд Трамп. Амбасадорите и официјалните лица од Кина, како дел од новата стратегија, започнаа на Твитер директно да ги напаѓаат оние кои не се согласуваат со нивните ставови, јавува „Гардијан“.

Твитер е забранет во Кина, но кинеските дипломати кои работат во други земји кои традиционално не се многу отворени, започнаа да ја користат платформата за директно и агресивно да се соочат со критичарите на Пекинг.

Претходно оваа недела, Жао Лиџиан, шеф на дипломатската мисија на Кина во Пакистан, на Твитер јавно го бранеше Пекинг во однос на третманот на муслиманите во Синџијан, а притоа ги нападна и САД. Тој пишуваше за социјалните проблеми во Соединетите Држави, вклучувајќи и за расната сегрегација.

– Расизмот во САД постои уште од колонијлното време. Расната стратификација продолжува да се случува при вработувањето, купувањето на домови, науката, при доделувањето на кредити и во владата – се дел од зборовите кои Лиџиан ги напиша на Твитер.

Жао подоцна го избриша својот контроверзен твит, но продолжи со нападите кон САД, опишувајќи ги лошите услови за афро-американците, бескрајните напади и пукања во американските училишта, константниот страв на жените од секусални напади во земјата.

– Вистината боли. Јас едноставно ја кажуавм вистината – напиша Жао Лиџиан.

Неговиот твит предизвика реакција кај многу луѓе, меѓу кои и кај поранешната советничка за бебзедност на САД, Сузан Рајс, која го нарече Жао расист и кажа дека треба да биде отповикан од позицијата. 

Жао Лиџиан е само дел од групата на кинески дипломати кои започнаа директно на социјалните мрежи да ги објавуваат своите ставови, како дел од новата стратегија на за комуникации на Кина. Од 2004 година, сите амбасади на земјата ширум светот имаат Фејбук-профили, но тие најчесто се користат за промоција на кинеската култура и официјална комуникација, додека на Твитер-профилите на дипломатите можат да се забележат подиректни ставови на контроверзни теми, нешто што е навистина невообичаено за Кина, констатира британски од „Гардијан“.