Кина наскоро ќе биде најголема светска економија

443

Според податоците на Светската банка и на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), се очекува азиските држави да се најдат меѓу првите пет земји во светот според големината на БДП во 2024 година, а европските економски центри ќе се најдат зад нив на листата. Кина забележа значителен економски раст уште од 1990-тите години, додека Индија и Индонезија неодамна станаа дел од десетте најголеми светски економии и се очекува да се искачат на третата и на петтата позиција до 2024 година. Јапонија, која веќе е докажана економија, се очекува да ја задржи четвртата позиција во 2024 година, а Русија да го заземе шестото место.

Развојот на средната класа во Азија е причината за континенталната промена во БДП. Азиските мултинационални компании, како кинеската „Хуавеи“ и индиската „Тата“, беа основани во 21 век и се очекува да станат поприсутни на светската сцена. Но брзиот развој на Азија носи и свои проблеми, како брзорастечката разлика во приходите меѓу руралните и урбаните области, деградацијата на животната средина и нови предизвици за управувањето и институциите.