Кина и Русија предлагаат укинување на некои санкции против Северна Кореја

36

Кина и Русија му предложија на Советот за безбедност на Обединетите нации укинување на некои санкции против Северна Кореја, но САД сметаат дека е премногу рано за таков потег.

Русија вели дека предлогот, со кој беше запознаена агенцијата „Ројтерс“, има за цел да ги поддржи и охрабри преговорите меѓу Вашингтон и Пјонгјанг.

Според таа резолуција, некои производи од Северна Кореја, како што се текстил или морска храна, ќе бидат ослободени од санкции.

Забраната за работа на државјани на Северна Кореја исто така ќе биде укината, пренесува „Ројтерс“.

Сè уште не е познато кога Русија и Кина ќе бараат гласање за предлогот, но за нејзино усвојување се потребни девет гласови, под услов никоја од постојаните членки да не стави вето.