Кина е против преземање импулсивна воена акција во Сирија како одговор на наводниот хемиски напад

989

Кина денеска соопшти дека е против секакви импулсивни акции во Сирија, вклучувајќи и употреба на воена сила.

Реакцијата на Министерството за надворешни работи во Пекинг доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе одговори „со сила“ на сириската Влада по наводниот хемиски напад.

Кина е против импулсивно прибегнување кон сила и упатување закани за употреба на сила во меѓународните односи, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гун Шуан.

– Прво, мора да се направи целосна, непристрасна и објективна истрага, да не се прават претпоставки и да не се извлекуваат произволни заклучоци, додаде тој.

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија Михаил Богданов го обвини Вашингтон дека шири „лажни информации за да најде изговор“ за воени акции.