Кина воведе санкции против САД

70

Кина го суспендира разгледувањето на барањето на САД за посета на Хонгконг од страна на американските воени бродови и авиони и истовремено воведе санкции за неколку американски невладини организации, вклучувајќи ги „Хјуманс рајт воч“, НДИ и „Фридом хаус“. Ваквиот потег на Пекинг претставува одговор на Законот за поддршка на продемократските сили во Хонгконг, кој неодамна беше усвоен во двата дома на американскиот Конгрес и беше потпишан од претседателот Доналд Трамп.

– Кога ќе се заврши ова зависи од понатамошните чекори на САД. Ги повикуваме САД да ги исправат грешките и да престанат да се мешаат во нашите внатрешни работи.

Кина ќе ги преземе сите неопходни чекори во зависност од тоа како се развива ситуацијата за да се заштитат стабилноста и просперитетот на Хонгконг, како и суверенитетот, безбедноста и развојот на земјата – изјави портпаролката на кинеското МНР, Хуа Чунјинг

Претходно, Трамп потпиша два закона за Хонгконг – за заштита на човековите права и демократијата, како и за забрана за испорачувања полициска опрема во Хонгконг.

Законот за човекови права и демократија предвидува администрацијата на САД да спроведува годишни ревизии на состојбата во Хонгконг за да се осигури дека договорот за „една земја, два система“ е запазен и ќе воведе санкции за кинеските функционери, кои според Вашингтон се одговорни за кршење на човековите права во административниот регион. Со овој документ се менува Законот за политиката на САД кон Хонгконг од 1992 година и се предлага годишно ревидирање на трговските односи со овој регион во зависност од степенот на негова автономија.