Кина воведе санкции за 11 американски државјани

99

Кина воведе санкции за 11 државјани на САД, како одговор на воведените сакции врз 11 официјални претставници од Хонгконг и Кина кои се обвинети дека ги ограничуваат политичките слободи во поранешната британска колонија Хонгконг.

Меѓу оние на кого се однесуваат санкциите се и сенаторите Тед Круз, Марко Рубио, Том Котон, Пет Томеј, како и претставникот Крис Смит.

– Како одговор на лошото однесување на Америка, Кина одлучи да наметне санкции врз поединци кои се однесуваа лошо во врска со Хонгконг – рече портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лијиан.