Кина вклучува седум крузери во борбата против заразата

524

Седум крузери за сместување на здравствените работници во Вухан, ќе бидат обезбедени од кинеските власти. Првиот брод „Блу вејл“ веќе пристигна од Јичанг, преку реката Јангце.

Седумте бродови кои обично се користат за пловење низ реката Јангце во областа позната како „Три клисури“, ќе имаат вкупно 1.469 кревети за потребите на лекарите.

Десетици илјади здравствени работници се донесени во провинцијата Хубеи за да помогнат во спречување на ширењето на заразата и за лекување на заразените.