Ким Тора избран за претседател на Каталонија

759

Каталонскиот парламент денеска го избра Ким Тора за претседател на регионалната Влада.

За Тора, кој важи за приврзаник на тврдокорното крило на каталонските сепаратисти, гласаа 66 пратеници, додека 65 беа против.

Тора беше предложен од поранешниот каталонски претседател Карлес Пуџдемон. Со неговиот избор спречени се нови избори.