Ким подготвен да дозволи инспекција на главниот севернокорејски нуклеарен комплекс

107

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун е подготвен да им дозволи на меѓународните инспектори да влезат во главниот нуклеарен комплекс на Северна Кореја, што се наоѓа во Јонгбјон.

Како што јави јужнокорејската агенција Јонхап, повикувајќи се на дипломатски извори, Ким ваквата намера му ја пренел на претседателот на Јужна Кореја, Мун Џе-ин при нивната средба во септември годинава.

Според истите извори, Ким изјавил дека доколку САД преземат „соодветни чекори“, тој е подготвен не само да го затвори нуклеарниот комплекс во Јонгбјон, туку и да дозволи меѓународна инспекција во него.