Километарски колони, илјадници луѓе чекаат ред за пакети со храна во САД

255

Банката за храна во Тексас донира повеќе од 270.000 килограми храна вклучувајќи и 7.280 мисирки за претстојниот празник Денот на благодарноста во САД.
Локалните медиуми пренесоа неверојатни снимки од километарски колони со автомобили кои чекаат на ред за бесплатни пакети храна со оглед на тоа што многу Американци останаа без работа поради пандемијата на коронавирусот.

Во пакетите има месо, овошје и други основни животни продукти за подготовка на 20 оброци. Слични хуманитарни акции се планирани и за следните месеци.