Кибер-напад го попречи печатењето на неколку американски весници

72

Печатењето и дистрибуцијата на дневниот весник „Лос Анџелес тајмс“ и други американски весници, вклучително и изданијата на компанијата „Трибјун паблишиг“ како „Чикаго трибјун“ и „Балтимор сан“ е нарушено поради кибер-напад.

Според „Лос Анџелес тајмс“ кибер-нападот веројатно е изведен надвор од САД.

Од кибер-нападот погодени се и весниците „Волстрит џурнал“ и „Њујорк тајмс“, кои се печатат во истата печатница.