Католичката црква во Минесота ќе плати 210 милиони отштета

64

Католичката надбискупија од Минеаполис соопшти дека ќе исплати 210 милиони долари отштета на 450 жртви на сексуално злоставување, што е втора по големина сума исплатена на жртвите на сексуално насилство извршено од страна на припадници на Римокатоличката црква во САД.

Адвокатот на жртвите Џеф Андресон изјави дека средствата од оштетата ќе бидат поделени соодветно на секоја од жртвите.

Најголемата отштета на жртви на сексуалното злоставување од страна свештеници на Католичката црква е исплатена во 2007 година, кога Надбискупијата на Лос Анџелес платила 600 милиони долари на 508 лица.