Катастрофалните шумски пожари во Сибир се подметнати?

507

Рукиот премиер Дмитриј Медведев побара од полицијата да истражи дали катастрофалните шумски пожари во Сибир се намерно предизвикани за да се скријат активностите околу нелегалното сечење дрвја во најпогодените региони. Властите исто така почнаа истрага против неколку локални функционери во сибирскиот град Краснојарск, кои се товарат дека не презеле доволно мерки за спречување на пожарите.

Огнената стихија покри над 3,1 милиони хектари на претежно недостапна и ненаселена шума. Министерството за одбрана испрати десет транспортни авиони и десет хеликоптери во Краснојарск, само еден ден откако претседателот Владимир Путин ѝ нареди на армијата да се вклучи во напорите за локализирање и гаснење на катастрофалните шумски пожари. НАСА соопшти дека чадот од големите пожари покрил област со големина колку Белгија.