Каталонските сепаратисти во исчекување на пресудата од историското судење

36

Историското и неповторливо судење, како што го опишуваат судењето на каталонските сепаратисти во шпанскиот Врховен суд, заврши.

Во текот на постапката, која почна во февруари, тие се соочија со обвиненија за бунт, непослушност и злоупотреба на јавните средства, поврзани со референдумот за независност што се одржа на 1 октомври 2017 година.

Гласањето беше прогласено за нелегално од страна на шпанската влада, која веднаш презеде чекори да ги казни оние кои беа вклучени во него.

Пресудата од судењето што заврши во средата се очекува на есен.

Портпаролот на професионалното здружение на шпански судии „Судии за демократија“, Игнасио Гонзалес Вега, смета дека обвинувањата сè уште се засноваат на фактот дека (декларацијата за независност од 1 октомври) е планиран заговор што се ширел со повремени епизоди на насилство, додека одбраната сè уште тврди дека прогласувањето независност било направено без никакво насилство.

Судењето беше емитувано во живо на телевизија од почетокот до крајот. Според Вега, на тој начин можеле да ја надгледуваат јурисдикциската активност на шпанските судови.

Транспарентноста беше клучна за судењето што многу независни лица го нарекоа „фарса“. Таа стана тест за јавниот имиџ на шпанскиот судски систем, кој портпаролот го бранеше, велејќи дека истиот одговара на европските стандарди за правда и ги зачувува правата и гаранциите.

Гонзалес Вега исто така нагласи дека постоел политички притисок, за кој тој рече дека не смее да се игнорира, но дека искуството и професионалноста на судиите ги прават имуни на овие притисоци.