Канадскиот премиер се извини поради контроверзна фотографија

441

Канадскиот премиер Џастин Трудо се извини што лицето го нашминкал со црна боја во 2001 година, откако таа непристојна фотографија се појави пет недели пред изборите.

Фотографијата на тогашниот 29-годишен Трудо со лице затемнето со шминка е голем предизвик за лидерот кој често зборува за важноста на борбата против расната дискриминација и кој во неговиот кабинет има тројца истакнати министри со индиско потекло, пренесува „Ројтерс“.

„Тајм“ ја објави фотографијата на која се гледа како тој носи турбан и бела наметка, а лицето му е намачкано со темна шминка.

-Требаше да знам подобро, но не знаев. Длабоко жалам што го сторив тоа. На гала-приемот што беше тематски посветен на Арапските ноќи, го облеков костимот на Аладин и ставив шминка – рече Трудо.

Канадскиот премиер, наводно, е во тесна битка со конзервативниот лидер Ендру Шир пред сојузните избори на 21 октомври.

Шир изјави дека е „исклучително шокиран и разочаран“ од фотографијата на Трудо.