Канада подготвена да ја легализира марихуаната за рекреативна употреба

106

Канада се соочува со многу предизвици, минувајќи го долгиот пат на третирање на марихуаната како злочин, преку лек за здравје, па се до вносен легален бизнис. Затоа и одлуката на канадските власти да ја легализираат марихуаната се толкува како голем прогресивен експеримент кој ветува дека ќе одговори на многу прашања.

Кога „Канопи Гроут“ ја отвори својата прва фабрика за канабис во стара плантажа за чоколадо, во близина на Отава пред четири години, си предвидел светла иднина.

За потсетување, Канада веќе ја има легализирано марихуаната за медицински цели, но „Капопи“ предвидува нејзина целосна декриминализација.

Тоа што компанијата не го предвидела е напливот на странски државјани и посетители. Политичари и полициски власти од Јамајка, Германија, Данска, Холандија, Грција и Австралија, исто така и доктори од Нов Зеланд, Бразил и Чиле, инвеститори и банкари, сите се заинтересирани за овој бизнис.

Канада е под меѓународна лупа, бидејќи се очекува утре на гласањето во Сенатот да се ратификува предлог законот Ц-45, со што Канада ќе стане првата нација на Г-20 која ќе ја легализира рекреативната марихуана.

Легализацијата на марихуаната може да влијае врз канадските криминални модели, здравјето и безброј други фактори, но како, се уште никој не знае.