Канада ги укина термините „мајка“ и „татко“ во документите

144

Канада донесе одлука во официјалните формулари да ги замени термините „мајка“ и „татко“ со „родители“ и најави исфрлување на термините „господин“ или „госпоѓа“ од официјалната коресподенција.

Канадската Влада донесе одлука да стави неутрален род во сите свои обрасци. Министерството за семејство образложи дека досегашните формулари не биле прилагодени на сегашните околности.

Одлуката е донесена откако хомосексуална двојка во Нова Шкотска сакале да извадат картичка за социјално осигурување за нивното дете и требало да одредат кој е таткото, а кој мајката.

Во иднина, во Канада во формуларите ќе се внесуваат само имињата на родителите.

Во телефонските разговори, вработените во државните институции на почетокот на разговорот ќе мораат да ја прашаат личноста како да и се обраќаат, а употребата на „госпоѓа“ или „господин“ ќе биде само на барање на странката.