Канада во следните три години ќе прими повеќе од еден милиони доселеници

106

Канадскиот Парламент објави планови со кои најави дека ќе прими повеќе од еден милиони постојани жители во следните три години. Поточно станува зброр за околу еден отсто од вкупната популација на земјата секоја година.

Претходно, Канада им дозволи на повеќе од 286 илјади граѓани да добијат канадско државјанство во 2017, а бројките покажуваат дека таа може да се зголеми на 350 илјади оваа година и пропорционално да се зголемува секоја година.

– Благодарение на новодојдените луѓе во нашата земја низ историјата, Канада се разви во силна и безбедна земја во која можат сите да уживаат, изјави Ахмед Хусен, министер за имиграција, бегалци и државјанство во Канада.

Хусен, кој е исто така е доселен во Канада од Сомалија, дополни дека приливот и примањето на нови граѓани на оваа земја ќе помогне во подмладувањто на старото население во земјата и во опаѓањето на наталитетот, а исто така и ќе ја задоволи зголемената потребата за работна сила.

Пријателскиот став на Канада во однос на доселениците доаѓа во момент кога голем број на земји од западниот свет, вклучувајќи го и САД, започнаа да усвојуваат многу строги политики во однос на мигрантите и доселениците.

Канада е работи посветено на тоа да нуди помош на мигрантите, откако Агенцијата за мигранти информираше дека во 2017 година, бројот на насилно раселени лица изнесува дури 68.5 милиони. Министерството за имиграција, бегалци и државјанство на Канада вети 5,6 милиони долари како поддршка за мигрантите на повеќе локации во светот.