Како треба светот да се подготви за смртоносната закана од Вухан?

308

Новооткриениот коронавирус од Вухан, Кина, се прошири и стигна до Вашингтон. Со мутирање на вирусот бројот на заболени во Азија бргу се зголемува. Затоа се поставува прашањето како треба да се подготвиме и да одговориме на заканата?

Кога станува збор за настанување на голема пандемија потребно е да се воспостави исклучително тесна и добра меѓународна координација, што во суштина претставува тежок подвиг.

Друг меѓународен проблем е што земјите не вложуваат доволно за следење и рано откривање на можните пандемии. Локалните власти честопати имаат мотив да чекаат, во надеж дека симптомите и болести ќе стивнат или ќе исчезнат, како во некои претходни случаи на епидемии на грип, и при појавата на САРС во 2003 година. Владата во Пекинг се чини дека е подготвена за новата опасност.

Од голема важност е и транспарентноста. Ако карантинот и доцнењето на аеродромите станат вообичаени, тоа може сериозно да ја загрози азиската трговија и со тоа и глобалната економија. На пример, епидемијата на САРС усмрти помалку од 800 луѓе, што е помал број во однос на десетиците илјади Американци кои умираат сезоната на грип. Азиските економии тогаш претрпеа штета од околу 40 милијарди долари.

Во споредба со 2003 година, Азија денес има многу повеќе туризам, поголема мобилност и посовремени аеродроми. Со други зборови, таа е многу поранлива кога станува збор за пандемија.

Некои експерти тврдат дека не може да настане пандемија, затоа што нивото на исхрана и здравствена заштита сега е многу подобро отколку во однос на претходно. Дури и да ви се најде лек или решение, се поставува прашањето дали надлежните ќе можат навремено да се справат со проблемите кои ќе произлезат од пандемијата?

Затоа, мометно најдобрата можност за акција, како и вообичаено е да не се крева паника. Наместо тоа, најдобрата опција е светските научници да направат план за реагирање, и како да се подготвиме во случај на најлошото.