Како би изгледал брегзит без договор?

439

Британија и ЕУ објавија дека постигнале согласност околу спогодбата за развод, но аналитичарите предупредуваат дека сѐ уште ништо не е готово зашто на двете страни има многу препреки што може да го минираат договорот.
Британската премиерка Тереза Меј денеска оди во Брисел на нови преговори со претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер. Во меѓувреме, преговарачите се обидуваат да најдат компромис со Шпанија, која бара да има удел во идните одлуки за Гибралтар, а во спротивно се заканува дека ќе стави вето за договорот за брегзит. Лидерите на ЕУ ќе се сретнат в недела и се очекува да дадат зелено светло за политичката декларација и за договорот за брегзит. Британската премиерка потоа ќе се обиде дома да ги убеди пратениците да ја поддржат спогодбата, за која повеќето велат дека се против. Ако британските пратеници, сепак, ја поддржат спогодбата, тогаш таа треба да биде ратификувана и од Европскиот парламент. Британија официјално ќе излезе од ЕУ на 29 март 2019 година.