Каде сè во светот се користи 5Г-технологијата

238

Според извештајот на ГСА, 5Г-технологијата веќе влегува на голема врата, со тоа што 38 земји веќе од август имаат воведено 5Г-мрежа, а многу други делумно ја воведоа ваквата мобилна технологија. Всушност се очекува дека 5Г-технологијата ќе достигне една милијарда корисници за три и пол години, во споредба со четирите години што беа потребни за 4Г и дванаесетте години за 3Г.
Северна Америка, Европа и Источна Азија веќе предничат во воведување на 5Г-мрежата, како што покажува мапата. Во оваа технологија се инвестира речиси во секоја држава во Јужна и Југоисточна Азија, како и во Јужна Америка.
Јужна Кореја е единствената држава што прва воведе 5Г-технологија и која се очекува да ја задржи првата позиција во однос на нејзиното користење. До 2025 година во оваа земја се очекува речиси 60 отсто да ја користат оваа мрежа во мобилната технологија. Што се однесува до брзината на 5Г-мрежата, само Саудиска Арабија е пред Јужна Кореја, според податоците на „Опен сигнал“.