Каде е најголема изложеноста на лажни вести

100
Мал број Британци велат дека се изложени на лажни вести наспроти контроверзиите околу брегзит

Високото ниво на медиумска писменост е важно кога станува збор за издвојувањето на фактите од фикцијата и идентификувањето лажна вест. Тоа е важен аспект на извештајот на Институтот за дигитални вести на Ројтерс, кој ги испитуваше довербата и дезинформацијата во глобалната потрошувачка на вести. Неизненадувачки, извештајот покажа дека луѓето со повисок степен на интерес за вестите имаат тенденција да имаат повисоко ниво на загриженост во врска со лажните вести. Онаму каде што нивоата на медиумска писменост се повисоки, луѓето со поголема веројатност ги идентификуваат сатиричните вести, спиновите и примерите за лошо новинарство.

Самопрогласениот контакт со лажни вести е највисок во Турција, каде што 49 отсто од испитаниците изјавиле дека биле изложени на лажни вести во изминатата недела. Овој процент е исто така висок и во САД (31 отсто), иако тоа едвај изненадува со оглед на појавата на лажни вести за време на изборите во 2016 година и нејзината распространетост уште оттогаш. Повеќе изненадувачки е нискиот процент (15 отсто) во Британија, со оглед на нивото на контроверзност во врска со дезинформациите за време на гласањето на брегзит во земјата.