И САД не се имуни на негативни политички кампањи

79

Поради стравот од коронавирусот, рекорден број американски гласачи сакаат да го дадат својот глас преку пошта на претстојните претседателски избори. Секој шести од десет гласачи (61 отсто) сака да го испрати својот глас преку пошта пред изборниот ден, според најновата анкета на „Вашингтон пост“ и Универзитетот во Мериленд што ја спроведе „Ипсос“. Во оваа бројка спаѓаат речиси три четвртини од демократите (73 отсто), во споредба со половина (49 отсто) од републиканците. Девет држави, заедно со главниот град Вашингтон, ќе го спроведат гласањето целосно преку пошта. На минатите избори, ваквиот начин на гласање ги фаворизираше демократите.

Анкетите покажуваат дека поддржувачите на актуелниот претседател Доналд Трамп ќе гласаат лично, додека оние на потпретседателот Џо Бајден ќе гласаат преку пошта. Трамп жестоко го критикуваше овој пристап на гласање и предупреди за можни измами и затоа неговата кампања веќе ги тужи Ајова, Монтана, Невада, Њу Џерси и Пенсилванија. Напливот на демократи што би гласале по пошта покажуваат дека во десетина клучни држави, изборната ноќ можеби нема да го даде конечниот победник.