Италија под вода, во неколку градови се вклучи црвениот аларм

265

Во неколку италијански градови на сила е висок степен на подготвеност по обилните дождови ноќеска, вклучувајќи ја и Венеција, каде што жителите и туристите се подготвуваат за уште една вонредно висока плима.

Градот, кој ја преживува најтешката поплава во последните 50 години, се соочи со висока плима од околу 160 сантиметри.Властите во Фиренца и Пиза, исто така, внимателно ја следат реката Арно, чие ниво на вода брзо се зголеми во текот на ноќта поради дождот.