Италија врати од Сирија граѓанин обвинет дека се борел за Исламска држава

50

Италија врати дома еден од своите граѓани од Сирија, кој беше обвинет дека се борел за Исламската држава. Самир Богана, познат и како Абу Абдула, беше уапсен 27 август во Сирија од курдските сили додека планирал да влезе во Турција, пренесува „Брејтбарт“.

– Сириските демократски сили поддржани од САД ѝ го предадоа џихадистички борец на италијанската влада на нејзино барање – рече шефот на прес-службата на СДФ, Мустафа Бали, во саботата.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ја поздрави италијанската репатријација на Бугана, велејќи во вторникот дека САД ја ценат нејзината заложба во борбата против тероризмот.

– Со оваа репатријација, Италија им даде важен пример на сите членови на глобалната коалиција и на меѓународната заедница за тоа како треба да работиме заедно за да се осврнеме на прашањето на странските терористички борци кои патувале да се борат за ИД. Се надеваме дека другите западно-европски земји ќе го следат примерот на Италија и ќе преземат одговорност за своите граѓани во Сирија – рече Помпео.

И СДФ и САД ги повикаа земјите да ги вратат дома стотици членови на Исламска држава кои беа заробени во Сирија.

– САД ги повикуваат другите нации да ги вратат и да ги гонат своите граѓани притворени од страна на СДФ и ги поздравува континуираните напори на СДФ за враќање на овие странски терористички борци во нивните земји на потекло – рече портпаролот на Стејт департментот, Роберт Паладино.