Италијанскиот Сенат ќе расправа за недоверба на владата

48

Италијанскиот Сенат денеска ќе се состане за да го разгледа предлогот за изгласување недоверба на владата.

Кризата минатата недела ја почна министерот за внатрешни работи и лидер на партијата Лига, Матео Салвини, кога отворено побара органиизрање предвремени избори наведувајќи дека Италија веќе нема владеачко мнозинство.

Политичките партии во Италија се поделени за тоа како работите треба да се одвиваат, а Лигата на Салвани смета дека треба што поскоро да се одлучи за тоа изборите да се одржат есенва.