Исчезнале 20 милиони дози вакцини за време на Трамп

122

Речиси 20 милиони дози вакцини наводно исчезнале за време на испораката до американските сојузни држави, кога бил претседател Доналд Трамп.

„Лондон Индепендент“ ја цитира веб-страницата „Дејли Бист“ и извори од администрацијата на Бајден, кои наведуваат дека недостасуваатречиси 20 милиони дози откако биле испратени во САД, а Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) прецизира дека 41,1 милион дози биле испратени низ Соединетите Држави од декември, но само 22,7 милиони Американци примиле вакцина.

Според податоците со кои располага новата администрација, некои земји објавија дека не можат да се следат одредени количини вакцини, односно дека не се достапни во магацините или на кои било други места.

Додека преодниот тим на Бајден се жали на брзината на вакцинирање, верувајќи дека е бавна, многу граѓани одбиваат да бидат вакцинирани.