Исламска држава го објави името на новиот лидер

218

Исламска држава по пат на аудиоснимка ја потврди смртта на нејзиниот водач Абу Бакр ал Багдади.

Портпаролот на ИД исто така рече дека нов водач на оваа терористичка организација е Абу Ибрахим ал Хашими ал Куарајши.

За Абу Ибрахим се знае многу малку. Беше објавено дека тој потекнува од истото племе како Абу Бакр ал Багдади.

Лидерот на ИД, Ал Багдади, беше убиен во раните утрински часови на 25 октомври, откако со години не се знаеше каде точно се наоѓа.

Соединетите Држави вчера објавија детали за акцијата во која е убиен шефот на терористичка организација.

Маринскиот генерал Кенет Мекензи, командант на Централната команда што ја координираше оваа тајна операција, рече дека во неа биле убиени шестмина борци на ИД, вклучувајќи го и Багдади. Тој додаде дека во вооружениот судир биле убиени и припадници на други милитантни групи.