Исламската држава го зазеде клучното пристаниште на Мозамбик

300

Екстремисти поврзани со Исламската држава, по повеќедневни борби, го зазеле клучното пристаниште во Мозамбик, пренесуваат локалните медиуми.

Според информациите, владините сили кои биле во крајниот северен град Мосимбоа да Праја побегнале, многумина со чамци, откако исламистите упаднале на пристаништето, пренесува Би-би-си.

Градот е близу до местото на проекти за природен гас во вредност од 60 милиони долари.

Во последните месеци милитантите зазедоа голем број северни градови, раселувајќи десетици илјади луѓе.

Ова беше исто така еден од неколкуте напади врз Мосимбоа Да Праја оваа година, бидејќи милитантите поврзани со Исламската држава ги засилија нападите во регионот.

Пристаништето се користи за испорака на товар на нафтените проекти оддалечени околу 60 километри (37 милји), кои ги развиваат нафтени гиганти вклучувајќи го и Тотал.